Бред Пит понудил 120 илјади долари за да гледа „Игра на тронови“ со Емилија Кларк

Актерот Шон Пен вчеравечер во Лос Анџелес организирал хуманитарна аукција за помош на Хаити, а Бред Пит на аукцијата понудил 120 илјади долари за да изгледа една епизода од серијата „Игра на тронови“ заедно со Емилија Кларк. Сепак, неговите 120 илјади не биле доволни, а победникот на аукцијата платил 160 илјади долари за да ужива во друштво на Денерис Таргарјан.

Откако водителот на настанот ја забележал актерката Емилија Кларк во публиката, ја направил понудата на самата аукција. Наддавањето започнало со 20 илјади долари Бред Пит најпрво понудил 80.000 долари, а потоа ја покачил сумата на 120 илјади, но бил победен.

И Емилија Кларк учествувала во аукцијата. Таа купила слика од Џош Смит за 90 илјади долари и дала 10 илјади повеќе од понудата на Лео Дикаприо за истата ислика.

Scroll to Top