Бритни Спирс: Во болница ме држеа против моја волја и ме присилуваа да пијам лекови

Поп-пејачката Бритни Спирс изјави дека била присилена да биде во болница и дека ја држеле таму против нејзина волја, а лековите кои ѝ ги давале ја терале на сила да ги испие.

Пејачката која важеше за една од омилените меѓу тинејџерките во деведесеттите години сега откри детали од нејзиниот престој во болницата минатата година.

Целата приказна ја потврдила и нејзината мајка Лин Спирс, која вели дека Бритни е под целосна контрола над нејзиниот татко веќе 13 години.

Според мислењето на голем број нејзини обожаватели, Бритни е жртва на група луѓе, меѓу кои се и нејзините менаџери, издавачката куќа и некои од семејството и дека тоа трае од нејзиното детство. Во 2007 година таа не го издржа притисокот и доживеа нервен слом.

Фотографиите на кои е таа со избричена глава за кратко време го обиколија светот. Откако беше хоспитализирана, нејзиниот татко, Џејми Спирс, побарал трајно старателство над неа. Судот му го додели на основа на тшто  таа не е способна да носи решенија и одлуки за себе.

Од 2008 година, целиот нејзин имот и пари и сите поголеми животни одлуки биле ставени под контрола на нејзиниот татко и адвокатот Ендру Валет. Бритни не можела да ги троши своите пари, туку добивала неделен џепарлак.

Таа не смеела да вози сама автомобил, да се мажи, да гласа и многу други важни одлуки. Бритни пред судот раскажала дека сака да има дете со нејзиниот дечко Сем, но дека нејзиниот татко ѝ забранил, па тогаш нејзините фанови одлучија да ѝ помогнат.

Тие го покренаа движењето #FreeBritney, преку социјалните мрежи, со цел да ја ослободат од контролата на нејзиниот татко и да ѝ помогнат повторно да се врати во нормален живот и да ги добие своите права.

 

 

 

Scroll to Top