Бруно Марс најголем победник на „Греми“ наградите

Бруно Марс убедливо победи на доделувањето на наградите „Греми“ што се одржа вчера во Лос Анџелес. Тој освои  вкупно 6 награди и победи во сите најважни категории иако Џеј Зи и Кендрик Ламар имаа најмногу номинации.

Бруно Марс ја доби наградата за песна на годината за хитот That’s What I Like, каде што беше подобар од Despacito на Луис Фонси, 4:44 на Џеј Зи, Issues на Џулија Мајклс и 1-800-273-8255 на Алесија Кара.

Неговиот албум 24K Magic е прогласен за најдобар албум на годината.

За најдобар поп-албум беше избран албумот Divide на Ед Ширан, а наградата за најдобар рок-албум ја доби A Deeper Understanding на бендот The War on Drugs. Џеј Зи доби награда за најдобар рап-албум. Ова беше 21. Греми за него.

На црвениот килим на „Греми“ голем број пејачи и пејачи носеа бели рози во знак на поддршка на еднаквоста на жените и нивната сигурност од сексуално вознемирување.

Scroll to Top