Кралот Чарлс Трети ги сака Хари и Меган на свечената церемонија кога ќе го крунисаат во мај. Го замоли надбискупот Велби да биде посредник и им дозволи да дојдат во Вестминстерската опатија. Убеден е дека нивното отсуство повеќе ќе му наштети, пренесоа британските медиуми.
Проблем прави само постариот син Вилијам, кој се противи. Смета дека Хари и Меган ќе го искористат моментот за своја промоција. Ги чекаат своите пет минути слава, смета Вилијам.
Не се согласува со Чарлс и смета дека ако веќе дојдат, треба да го испланираат нивниот престој до детаљ. Во спротивно, ќе направат сè да бидат во центарот на вниманието.
Извори блиски до кралското семејство рекоа дека за да му се угоди на Хари да дојде, би можело да му понудат функција од висок профил во опатијата или неформална гаранција дека ќе ги задржи титулите.
„Семејството е поделено, а Хари го советуваат во моментот да не одлучува за ништо. Да чека до последен момент, што ги отежнува преговорите. Може да одлучи и да се откаже од титулите по своја слободна волја, но се противи на идејата насилно да му бидат одземени“, рече извор за „Дејли мејл“.
Чарлс го замолил надбискупот да биде посредник меѓу синовите по смртта на кралицата Елизабета. Велби се најде во незгодна ситуација кога Меган во интервју кај Опра рече дека ги венчал во тајност пред официјалната венчавка. Велби негира и рече дека кралската венчавка е единствената законска.