Читач од усни ги откри тајните од кралската свадба

По свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, британскиот весник „Дејли мејл“ го повика Тери Руанеа, читач од усни, за да каже што се зборувало за време на свадбата.

Тери открил дека Амал Клуни рекла „ох, колку е убаво и колку иритирачки”, но тој не знаел да  каже за што точно се однесувал вториот коментар на Амал.

Амал Клуни рекла „ох, колку е убаво и колку иритирачки”,

Актерот Идрис Елба, пак, коментирал на сметка на замокот велејќи дека Виндзор не е толку лошо место.

Иако се шпекулираше дека принцот Хари се пожалил на својот постар брат Вилијам дека му се тесни панталоните, читачот од усни Тери откри дека Вилијам всушност му се жалел на Хари дека нешто го стиска. Овој момент беше снимен додека браќата одеа кон црквата, но Тери не знаеше дали Вилијам мислел на панталоните или чевлите.

Се шпекулираше дека принцот Хари се пожалил на својот постар брат Вилијам дека му се тесни панталоните

Во црквата Хари го прашал својот брат „дали пристигна”, мислејќи на Меган, а Вилијам му одговорил дека сè уште не знае. Вилијам, исто така, му предложил на својот помлад брат да стане кога ќе дојде мајката на Меган, Дорија Рагленд.

„Сакам што побрзо да ја видам Меган”, му рекол Хари на својот брат додека ја чекале.

Во каплета додека принцот Хари ја чека Меган

Исто така, кога Чарлс ја донел Меган до олтарот и ја предал на Хари, тој му рекол: „Ви благодарам, тато”.

„Изгледаш убаво. Ми недостигаше“, ѝ рекол Хари на Меган кога ја преземал од принцот Чарлс.

Во еден миг, внатре во капелата, војвотката од Корнвол, Камила, се загубила во читањето на редовите во служба, па побарала од Кејт да ѝ помогне, но војвотката од Кембриџ само рекла „не знам”.

Војвотката од Корнвол, Камила, се загубила во читањето на редовите во службата

Кога излегувале од црквата, Меган го прашала Хари дали сега ќе се бакнат, на што тој ѝ рекол „дааа“.

Потоа кралицата Елизабета го потсетила својот сопруг, принцот Филип, да продолжи да мавта со рацете.

Кралицата го опемана принцот Филип

Кога со кочијата поминувале покрај граѓаните, Хари ѝ рекол на Меган, „Сега сум спремен за пијалак“.

Меган, пак, кога ги видела луѓето наоколу додека се возела со Хари неколкупати велела: „Вау…“

Scroll to Top