Читање книги во чест на Дејвид Боуви

Данкан Џоунс, синот на починатиот музичар Дејвид Боуви организира читање книги во чест на својот татко. Данкан преку инстаграм-профилот на својот татко ги покани фановите да прочитаат некоја од омилените книги на Боуви, да го направат тоа до 1 февруари и да се вклучат во дискусија за книгите преку твитер-чет.

Во пораката тој напишал дека музичарот обожавал да чита, па за фановите на Боуви креирал листа од неколку од неговите најсакани книги. Данкан се надева дека ова ќе стане редовна пракса со што би се задржал споменот на неговиот татко.

Scroll to Top