Давид Гета: Плачев кога се разведов, а ќе умрев од бактерија на срцето

Светски поупуларниот диџеј Давид Гета во серија прашања и одговори за „Гардијан“ открива дека би сакал да го глуми Рајан Гослинг и дека најмногу се плаши да не ја изгуби инспирацијата.

Инаку тој е роден во Париз, има 50 години и е еден од најпопуларните диџеи во светот. Има соработувано со Ријана, Ники Минаж, Ашер и Џастин Бибер. Добитник е на две награди Греми, а има продадено повеќе од 50 милиони албуми и синглови. Во новата година оди на турнеја низ Европа. Разведен е и има две деца.

Вели дека бил најсреќен кога го добил  своето прво дете, но и зарду успехот со „I Gotta Feeling“.

Во интервјуто раскажал и дека бил најзасрамен кога правел лајвстрим за лансирање на својот  албум. „Милиони луѓе гледаа, а првото музичко парче не функционираше. Јас бев најголемиот диџеј во светот, а не можев да пуштам една плоча. Ужасно беше“, раскажал Гета.

Диџејот открива дека плачел кога се разведувал, но и дека пред 15 години, имал бактерија на срцето. „Три дена не знаеа дали ќе живеам или ќе умрам“, рекол тој.

Scroll to Top