Дејвид Коперфилд дрогирал малолетничка за сексуално да ја малтретира

Најпознатиот светски магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд е обвинет за сексуално малтретирање. Поранешниот модел Бритни Луис тврди дека имала 17 години кога во 1988 година Коперфилд ја дрогирал и сексуално ја малтретирал.

Таа добила повик од Коперфилд да гостува во неговата емисија во Калифорнија и побарал дозвола од нејзината баба да патува со неа поради емисијата. Кога стигнала во Калифорнија, Коперфилд ја одвел во шопинг, а цело време ја држел за рака. Бритни вели дека јасно му ставила до знаење дека не е заинтересирана за него. По емисијата отишле во бар, каде што, според неа, магионичарот ѝ ставил дрога во пијалакот.

Моделот додава дека на остатокот од вечерта не се сеќава добро, освен што Коперфилд лежел врз неа, ја бакнувал и ѝ ја соблекол облеката.

„Ме бакнуваше по лицето, па почна да се спушта надолу. Потоа  ми се стемни“, рекла таа.

Коперфилд наредното утро ѝ рекол дека ништо не се случило бидејќи била малолетна. Тој ја присилил во писмо да напише дека ништо не се случило.

Коперфилд не се огласил јавно во врска со овие обвиненија. Неговото богатство, според „Форбс“, изнесува 850 милиони долари.

Scroll to Top