Дени Кван не смее да снима, била многу секси

Министерството за култура на Камбоџа и забрани на актерката Дени Кван да снима филмови во периодот од една година, затоа што официјалните лица сметаат дека е премногу секси.

Кван (24) која играше во неколку филмови има повеќе од 300.000 следбеници на Фејсбук, но истакнува дека многу од нејзините улоги не се ни приближно еротски како некои сцени кои снимиле нејзини колешки, пишува во британски Сан.

„Во Камбоџа работат голем број сексапилни уметници. Некои од нив учестувале во многу повеќе еротски сцени. Јас знам дека мое право е да се облекувам како што сакам, но нашата култура тоа не може да го прифати. Ќе се обидам да не бидам толку многу „секси“ како што досега било случај“, рече актерката за Камбоџа дејли.

Таа објасни дека до ваков став дошло после состанокот со официјалните лица од Министерството за култура, кои, како што велат, ја советувале како ќерка. Сепак, таа рече дека го задржала правото во приватниот живот да се облекуква како сака.

Scroll to Top