Џаред Лето го моли Борко Борисов да не сече дрва на Пирин

Актерот, музичарар и борец за зачувување на човековата околина, Џаред Лето, преку својот Твитер испрати апел до бугарскиот премиер Бојко Борисов во кој побара да го заштити Националниот парк Пирин.

„Бојко Борисов, Ве молам заштитете го Националниот парк Пирин од прекумерната сеча поради профит и од скијачката инфраструктура. Спасете го Пирин. Нашето наследство е под закана, веднаш преземете нешто“, напиша тој.

Лето сподели и петиција до премиерот со која бара зачувување на Пирин од комерцијално сечење заради проширување на скијачката инфраструктура. Слична порака за зачувување на старите шуми во Пирин неодамна испрати и фондацијата на Леонардо ди Каприо.

Scroll to Top