Американскиот милијардер Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез ветија дека ќе донираат 100 милиони долари на хавајскиот остров Мауи погоден од силните пожари.
„Нашите мисли се со сите семејства кои изгубија толку многу и со заедницата која е оставена уништена“, рекол Безос и Санчез во заедничката изјава на Инстаграм.
Извршниот директор на Амазон објави дека тој и Санчез основале фонд за Мауи за да помогнат островот да се врати на нозе во текот на следните години, пишува „Пејџ сикс“.
Безос и Санчез во заедничката изјава рекоа дека се скршени од уништувањето.
Неколку познати личности им честитаа на парот за нивната дарежливост во коментарите, меѓу кои и пејачката Кети Пери и дизајнерката Рејчел Зои.
Најмалку 89 лица загинаа во пожарите на хавајскиот остров Мауи, оставајќи илјадници без покрив над главата како последица на природната катастрофа.