Џејда Пинкет Смит откри дека со Вил Смит не живеат заедно од 2016 година

Џејда Пинкет Смит откри дека со Вил Смит, живеат живеат одвоено од 2016 година, иако не се законски разведени. Во изјава за NBC News рече дека молчеле за тоа бидејќи не биле подготвени да споделат со јавноста. Додаде и дека со Вил се обидуваат да најдат начин да го одржат партнерството.

„Како да им го претставиме на луѓето сето ова? Не најдовме начин“, рече Пинкет Смит за NBC News.

Двајцата се во брак од 1997 година, а нивната врска се најде под лупа на јавноста во 2020 година кога пејачот Аугуст Алсина рече дека е во романтична врска со Пинкет Смит, што таа и го потврди.

„Во врска сум со Август“, рече Џејда, објаснувајќи дека со Вил во тоа време минувале низ тежок период.

За потсетување, Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок на Оскарите во 2022 година, откако се пошегува на сметка на фризурата на Пинкет Смит, која боледува од алопеција, опаѓање на косата.

Во интервју за NBC News рече дека колапсот на бракот дошол поради многу причини. Додаде дека ветила дека нема да има причина да се разведе и дека досега не можела да го прекрши тоа ветување. Откри повеќе детали за бракот, кариерата, растењето со сопругот во своите мемоари, кои треба да бидат објавени на 17 октомври.

Scroll to Top