Џејмс Франко барал орален секс и оргии од актерките

Oткако три соработнички на Џејмс Франко го обвинија актерот дека сексуално ги вознемирувал, а тој ги отфрли обвинувањата, уште две жени изнесоа детали за незгодни искуства со него.

Актерките Вајолет Пејли (23) и  Сара Титер-Каплан (26)  обвинувањата за Франко (39) прво ги изнесоа на своите социјални профили, а потоа детално проговорија за „Лос Анџелес тајмс“.

Вајолет откри дека имала романтична врска со Франко, но при една пригода, вели, ја присилил да му пружа орален секс во автомобилот.

Останатите четири жени по ред ги посетувале часовите по глума на Франко во неговото студио или во школите за глума.

Сара Титер-Каплан рекла дека неа и другите актерки ги присилил да ги тргнат покривките од интимните делови додека снимале сцени за орален секс со него, поточно ги принудувал на оргии.

„Долго работев со Франко во неговата школа  ‘Studio 4’, а улогата во новиот филм  ‘The Long Home’  ми беше голема шанса да се пробијам.Но веднаш откако ја добив улогата на интернет видов објавена снимка на која сум топлес, а се работеше за сцена што ја вежбавме и работевме во студиото“, раскажува Сара. Во филмот  ‘The Long Home’, кој Франко го режирал, глумат и Ештон Качер, Кортни Лов, Џош Хачерсон и Тимоти Хатон.

„Тврдењето дека Франко на актерките им ја тргнал заштитата не се точни. Нему отсекогаш му беше најважно да им даде шанса на младите уметнички да ги остварат кариерите“ -рекла кастинг-менаџерката на филмот.

Франко, кој во пресрет на обвинувањата ја доби наградата „Златен глобус“ за филмот ‘The Disaster Artist’, ги негираше обвинувањата при гостување во емисијата на Стефан Колберт.

Scroll to Top