Џенифер Лопез како шоу-девојка во новата кампања на Guess

48-годишната Џенифер Лопез го заврши снимањето за најновата кампања на модниот бренд Guess. Следајќи ги креациите на брендот, повеќето фотографии го прикажуваат гламурот во Лас Вегас, а Лопез е фотографирана како шоу-девојка.

За вториот дел од кампањата, каде што рекламира фармерки, Лопез е во поопуштено издание, но, сепак, го задржува гламурозниот стил.

Во новата колекција на Guess доминираат виолетовата боја и розовите нијанси.

Scroll to Top