Пејачката и актерка Џенифер Лопез објави видео во кое го промовира својот бренд за убавина на социјалните мрежи, но уште еден детаљ привлече внимание.
Имено, многумина забележаа дека пејачката на спотот не носи бурма.
Тие истакнуваат дека иако не носи бурма, на десната рака носи други прстени, а со овој потег сигнализира потенцијален развод со актерот Бен Афлек.
Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар.
Сомнежите се засилија откако се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат вилата што заедно ја купија пред една година. Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм.
Во голем дел од коментарите под ова видео се споменува нејзиниот изглед. Многумина забележале дека таа видно ослабела. „Убава си, но зошто ослабе толку многу килограми?“, „Многу си ослабела“, „Дали јас сум единствената што забележала дека Џенифер многу ослабе?“, се некои од коментарите.
Некои пишуваа дека Џенифер мора да биде под голем стрес со оглед на тоа што веќе подолго време на големо се зборува за разводот.