Џенифер Лопез во фотосесија за „Харперс базар“

Популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез се најде на насловната страница на априлското издание модното списание „Харперс базар“. Таа за потребите на модниот едиторијал на списанието позира во раскошни фустани од пролетните колекции на Оскар де ла Рента, Каролина Херера и Валентино, а носи со накит од Булгари и чевли од Сен Лоран, Кристијан Лобутин и Капезио.

Фотосесијата е снимена во Лос Анџелес, а партнер ѝ е моделот Пјетро Босели.

Scroll to Top