Џиновската кукла на Ким Кардашијан поставена на сред Тајмс Сквер ги згрозува луѓето

Ким Кардашијан предизвика многу реакции со својата нова кампања која ги промовира SKIMS, нејзината линија костими за капење и долна облека.

Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс Сквер во Њујорк. Инсталацијата е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклата која наликува на Ким, 44-годишната ријалити ѕвезда доби многу критики.

„Нереален приказ на женското тело“, „Таму шетаат деца, не е во ред“, „Дали луѓето што го одобрија ова се добро?“, „Го сакам СКИМС, но ова е грозно“, „Нарушување на јавно место“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Новата колекција на костими за капење од брендот SKIMS се карактеризира со смели животински принтови и женствени силуети, а особено се истакнуваат дезени од леопард и тигар во нежни нијанси на шампањ.

Scroll to Top