Холивудскиот актер Џон Стамос, ќе стане татко. Популарниот вујко Џеси од серијата „Полна куќа“ го чека своето прво дете, на 54-годишна возраст.
Актерот и неговата партнерка, 31-годишната Кејтлин се верија во октомври оваа година, а актерот ја побарал за жена во Дизниленд.
Стамос зад себе има еден неуспешен брак, со актерката Ребека Ромијн.