Џорџ Клуни сака да се откаже од глумата за да му се посвети на семејството

Холивудскиот актер, режисер и продуцент размислува да се повлече од глумата и целосно да му се посвети на семејството. Извор близок до него за светските таблоиди открива дека Клуни ужива во улогата на татко и дека никогаш не му е досадно покрај неговите близнаци Александар и Ела.

Тој неодамна раскажа колку му е сопругата Амал важна во неговиот живот и дека обожава да ги извршува женските работи по дома, како што е миењето чинии и шиењето и перење на облеката. Изворот вели дека Клуни се внел во улогата на татко до толку што сега размислува да го напушти Холивуд, пишува  Life&Style magazin.

„Џорџ ужива во секој момент поминат со децата и времето поминато со нив за време на пандемијата го натера сериозно да размисли да биде татко со полно работно време“, открива изворот.

Клуни неодамна откри дека е вешт во извршувањето на домашните семејни работи и дека ужива и во стрижењето. Вели дека сам се стриже уште од средношколските денови, а од неодамна почнал да го стриже и син му Александар, но дека неговата сопруга Амал не му дозволува да ја стриже Ела.

 

Scroll to Top