Популарниот холивудски актер Џорџ Клуни, во новиот број за списанието W Magazin, откри дека ги извршува сите домашни работи, додека е дома со децата, за време на пандемијата со коронавирусот. На шега вели дека научил многу работи и дека станал мајстор за разни занаети.
„Ќе ви кажам нешто за моето ново хоби. Пуштам две до три машини дневно и ја перам облеката, а садовите ги мијам по цели денови, затоа што нашите деца се вистински мали свинчиња“, изјавил Клуни.
Тој вели дека се грижи за своите деца, но дека никако не смее да ја потстриже неговата ќерка, затоа што Амал ќе го убие.
„Одвреме-навреме морам да ги бањам децата. Еднаш го потстрижав син ми и испадна многу лошо. Но, косата ќе му порасне. И јас самиот се потстрижувам, но не смеам да ја потстрижам ќерка ми, затоа што тогаш ќе имам големи проблеми со Амал. Ќе ме убие ако ѝ ја допрам убавата долга коса“, изјавил Клуни.