Џош Дамел во љубов со мексиканката Ејса Гонзалес

Актерот Џош Дамел има врска со мексиканската актерка и пејачка Ејса Гонзалес, соопшти Контакт мјузик.

Анонимен извор за „Ју Ес викли“ изјави: „Тие пиеја и се забавуваа заедно до доцна. Потоа, Џош се поврза со нивен заеднички пријател и го побара телефонскиот број на Ејса. Дефинитивно имаат врска, бидејќи постојано си испраќаа пораки додека таа беше во Велика Британија за работа“.

Ѕвездата од филмот „Трансформери“ се раздели минатата година со пејачката Ферги, по 8-годишен брак.

Џош Дамел и Ферги имаат син Аксел, кој се роди во 2013 година. Тие уверија во својата изјава дека секогаш ќе се поддржуваат како еден со друг, така и нивните семејства.

Името на Ејса Гонзалес се поврзуваше со нејзината афера со португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо. Во 2013 година мексиканката се најде во насловите, откако беше забележана како го бакнува актерот Лиам Хемсворт само ден откако беше објавено дека тој и пејачката Мајли Сајрус ја растуриле својата веридба.

Во 2016 година, таа беше во контакт со шкотскиот Ди-Џеј Калвин Харис.

Scroll to Top