Дрејк ѝ посвети песна на Џеј Ло

Минатиот викенд американскиот пејач Дрејк промовираше два нови сингла и најави дека наскоро ќе промовира нов албум. Една од двете песни ѝ е посветена на неговата кратка романса со Џенифер Лопез.

Во медиумите се пишуваше дека Дрејк и Лопез се во врска и неофицијално тие беа заедно од декември 2016 до март 2017 година. Потоа Џенифер почна да се гледа со Алекс Родригез, за кого се зборува дека може да е нејзиниот следен сопруг.

Песната што Дрејк ја напишал за Џенифер се вика Diplomatic Immunity, и има стих кој вели: „2010 was when I lost my halo/2017, I lost a J.Lo“.

Scroll to Top