Двејн Џонсон третпат ќе стане татко

Двејн Рок Џонсон ќе стане татко третпат. Неговата долгогодишна девојка Лорен Хашиjан е повторно бремена, а актерот ја соопшти веста преку фотографија на „Инстаграм“, на која е нивната двегодишна ќерка Јасмин.

„Нашата Јасмин Леа би сакала да ви соопшти нешто големо – ДЕВОЈЧЕ Е! Лорен и јас сме безгранично благодарни за овој благослов и на пролет ќе ја пречекаме нашата втора ќерка“, напишал тој под фотографијата.

Двејн Џонсон ја има и 16-годишната ќерка Симон Гарсија Џонсон од првиот брак со Дани Гарсија.

Scroll to Top