Ед Ширан и Шери Сиборн набргу ќе станат родители. Британските медиуми известуваат дека славниот пејач и неговата сопруга ја чуваат бременоста во тајност. 28-годишната спортска обожавателка наводно треба да се породи до крајот на летото.
Ед и Шери се познаваат од деца, а се и средношколски пријатели. Се свршија во 2018 година, а стапија во брак една година подоцна.