Ед Ширан сака да напише песна за Евровизија

Светски популарниот музичар Ед Ширан во интервју изјави дека би сакал да напише песна со која Велика Британија би настапила на Евровизија.

„Не сакам да се појавам на евровизиската сцена, не би пеел таму. Ама сакам на напишам песна оти мислам дека Британија сака да победи и треба да победи набргу“, рекол Ширан.

Се шпекулира дека Ширан ќе биде автор на песната за новиот филм за Џејмс Бонд.

Британија, пак, иако секоја година настапува во финалето на Евровизија, постојано се пласира во долниот дел од табелата.

Scroll to Top