Кралот на поп-музиката Мајкл Џексон почина пред 11 години. Пејачот починал на 25 јуни 2009 година, а неговото тело било најдено на неговиот кревет. Тој зел преголема доза на пропофол, кој не смеел да го има кај себе. Мајкл Џексон почина на 50-годишна возраст.
Првите информации биле дека Џексон починал од лековите кои му ги препишал неговиот личен доктор. Поради тоа докторот беше уапсен во 2011 година. По отслужената казна, детективите кои работеле на случајот откриле страшни детали од собата во која го пронашле телото на Џексон.
„Имаше забелешки и парчиња хартии кои беа расфрлани низ собата. Кога влеговме внатре, на креветот најдовме компјутер, кукла за девојчиња и фотографии од бебиња како оние од рекламите“, изјавиле тие.
Несомнено најконтроверзниот скандал што го следеше во животот се случи во 2003 година, кога доби седум тужби за сексуална злоупотреба на деца.
Џексон ги негираше ваквите обвинувања. По долгите судски процеси, Мајкл беше прогласен за невин, но токму овој скандал на крајот стави точка на неговата музичка кариера.