Едноставно и со вкус во домот на Џенифер Анистон

By

Актерката Џенифер Анистон го отвори својот дом во Лос Анџелес за списанието Architectural Digest.

dobivaj vesti na viber

48-годишната актерка и нејзиниот сопруг Џастин Теру позираа на имотот кој таа го купи во 2011 година за 21 милиони долари.

Ѕвездата од хит серијата „Пријатели“ призна дека многу ѝ било тешко да дозволи Џастин да избира декорации за нивниот дом.

„Ако не бев актерка, ќе бев дизајнерка. Го обожавам процесот. Постои нешто во изборот на материјали и текстури кое ми ја храни душата“ – изјавила Анистон.

Ќе ви се допадне