Експерт за секс открива што се случува со Меланија Трамп

Експерт за партнерски односи го анализира однесувањето на Меланија и Доналд Трамп.
Американската двојка одамна е интересна за медиумите, но тешко е една двојка да биде под таква медиумска лупа како што се актуелниот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија.
Трамп, без сомнение, сака внимание и би сакал Меланија да го набљудува со заљубен поглед, но невозможно е да не се забележи како Меланија во последните недели намерно има преку рамената префрла капут, под кој ги скрива дланките, само да не мора да го држи Трамп за рака.
„Овие луѓе се под постојан надзор на јавноста. Дали некој некогаш видел љубовен гест меѓу нив двајцата?“, се прашува социологот Пепер Шварц од Универзитетот „Вашингтон“, експерт за секс и партнерски односи.
Поради аферата за која во последно време се зборува, Меланија одбила во последен час да отпатува со мажот во Давос, а следувало и уште едно нејзино инаетење со најмоќниот човек на светот кога одбила да влезе во претседателскиот хеликоптер со сопругот.
Се чини дека Меланија го казнува Доналд, но не се знае зошто?
„Не верувам дека некогаш би помислила оти Трамп ќе биде верен. Тоа е човек што никогаш не престанал да биде женкар. А сега за тоа се собраа и премногу докази, кои звучат мошне убедливо. По таквото понижување, мора да стигне казната“, смета Шварц.
Во текот на изминатите години популарнота на Меланија пораснала и таа денеска ужива многу повеќе поддршка во јавноста од својот сопруг.
Тоа и не е некое изненадување затоа што повеќето први дами се попопуларни од своите мажи.
Минатата есен во текот на вечерата во Белата куќа претседателот Трамп ја призна популарноста на својата жена и ја нарече ѕвезда на семејството Трамп.
„Ја сакаат каде и да отиде, од Флорида до Тексас, сите ја сакаат“, изјави гордиот Трамп.
Scroll to Top