Елтон Џон и „У2“ ќе пеат на доделувањето на „Греми“

Елтон Џон и ирскиот рок-бенд „У2“ на 28 јануари ќе настапат на доделувањето на наградите „Греми“. Освен нив, на јубилејното 60. доделување на американските музички награди ќе пеат и Бруно Марс, Лејди Гага, Деди Јенки и Луис Фонси, Кендрик Ламар и Сем Смит.

Со најмногу номинации е Ламар, кој е номиниран за седум награди.

Два дена по доделување на наградите „Греми“, академијата ќе приреди вечер посветена на Елтон Џон, а тогаш во негова чест ќе настапат Сем Смит и Мајли Сајрус.

Scroll to Top