Енрике Иглесијас и Ана Курникова станаа родители

Пејачот Енрике Иглесијас и поранешната тенисерка Ана Курникова добија близнаци. Како што пишуваат американските медиуми, Ана на 16 декември родила близнаци, момчето Николас и девојчето Луси.

Енрике и Ана се едни од најзатворените популарни двојки во светот. Тие долго време криеја дека се во врска, а медиумите не дознаа за бременоста на Ана до породувањето.

36-годишната Русинка уште 2011 година изјавила дека би сакала да има деца, но дека не размислува за брак.

Scroll to Top