Ештон Качер прегази момче

Момче на скутер се здобило со мали повреди откако било прегазено од возилото „тесла“ што го управувал актерот Ештон Качер. За возврат, тоа побарало да се фотографира со него.

Станува збор за 19-годишниот Лео Маренгхија, на кој актерот налетал додека возел низ улиците во Лос Анџелес пред филмското студио „Сансет Бронсон“.

„Ме удри автомобил денес. Но, океј е затоа што во него беше Ештон Качер“, напишал Лео на „Фејсбук“.

Качер веднаш излегол да провери дали е сè во ред, а откако утврдил дека станува збор за мала повреда на коленото, без посериозни последици, со задоволство се фотографирал со него.

 

 

Scroll to Top