Фановите за да ја гледаат Мадона ќе платат 15 илјади евра за билет

На 14 октомври Мадона ќе ја започне турнејата „Celebration“ со која ќе прослави 40 години на музичката сцена. Првите четири концерти ќе се одржат во лондонската О2 арена, каде во нејзиниот настап ќе уживаат околу 80.000 фанови, а билетите за тие спектакли се одамна распродадени.

За тие четири претстави останаа само 88 билети и нивните цени се движат од 300 до 5.900 евра. Во продолжение на турнејата Мадона ќе ги посети Белгија, Данска, Шведска, Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Италија, Холандија, а потоа и градови на американскиот континент.

За повеќето концерти во Европа останаа 100 – 200 влезници, а салите во кои ќе настапат можат да примат од 15.000 и повеќе луѓе.

Повеќето обожаватели сакаат да доаѓаат на нејзините настапи во Милано (23 и 25 ноември). За првиот концерт останаа 255 влезници, за вториот 276, а цените достигнуваат астрономски бројки. Најниската е околу 300 евра, најскапата дури 15.454 евра.

Ако се земе предвид дека за време на турнејата „Celebration“, Мадона ќе одржи 78 концерти во Европа и Америка, се претпоставува дека постојат шанси кралицата на попот да постави нов рекорд за заработка од настапи. Таа е таа што го држи рекордот на листата на „Турнеја со врвна заработка“ бидејќи за време на изведбата „Sticky and sweet“ во 2008 и 2009 година заработила 411.000.000 долари (моментално 560.622,61 долари). На второ место е повторно таа со турнејата „MDNA“ од 2012 година, кога заработила 305.158.362 долари (моментално 388.978.495).

Сегашните проценки на обожавателите на Мадона велат дека таа од славеничката турнеја „Celebration“ треба да заработи над 600 милиони долари, односно близу осум милиони по концерт.

Scroll to Top