Славната Миранда Кер проговори за родителството што го дели со својот поранешен сопруг, Орландо Блум. Тие имаат син, Флин (15), заедно, а за време на едно интервју, Миранда опиша каква е нивната врска.
„Од првиот ден, Орландо и јас работевме на духовен план, а простувањето беше голем дел од тоа – простување еден на друг, простување себеси, помирување со таа ситуација. И двајцата знаевме дека таа врска не го вади најдоброто од нас“, рече Миранда во подкастот „We need to talk“.

Како што самата вели, нивниот договор и врска сега може да се опишат како хармонични, а потребите на детето секогаш се на прво место.
„Кога донесовме одлука да се разделиме, му реков: ‘Ајде секогаш да ги ставаме потребите на Флин на прво место. Да не правиме приказна за нас, туку за тоа што е во најдобар интерес на Флин’. Но, во исто време, да си простиме еден на друг и да се смириме, бидејќи во спротивно тоа навистина тежи на човекот“, вели Миранда.
Иако сега е среќно мажена за Еван Шпигел, со кого има три деца, Миранда не крие дека Орландо секогаш ќе биде дел од нејзиниот живот.

„Кога ќе имате дете со некого, таа личност секогаш ќе биде родител на вашето дете и ќе има ситуации во кои ќе мора да разговарате, без разлика дали сакате или не. Па зошто да не биде хармонично? Зошто да не биде помирно“, додаде моделот.
Миранда претходно нагласи дека е во совршена врска со тогашната девојка на Орландо, Кејти Пери, со која актерот помина девет години. Како што рече, тие се едно големо, среќно семејство и ги сака двајцата.






