Британскиот премиер Борис Џонсон ангажираше личен тренер за да ослебане, пишуваат британските медиуми. Тој вели дека тренерот Хари Џејмсон ќе му помогне во вежбањето.
Џонсон призна дека бил премногу дебел кога се заразил со коронавирусот. Тој во април беше примен во болница со Ковид 19, но вели дека од тогаш, тој му се посветил на вежбањето.
Џејмсон изјавил дека неговите тренинзи покрај вежбањето, се базираат и на психичката состојба и дека покрај телото, ја зема во предвид и состојбата на умот кај своите клиенти.
Тој смета дека искуството на интезивната нега, го поттикнало Џонсон да ги промени ставовите за решавањето на проблемите со дебелеењето. Џонсон претходно го критикуваше зголемувањето на даноците кои се однесуваат на храната со високо количество на сол, масти и шеќер.
Тој вели дека својот став го смета за либертаријански. Во јули изјави дека тој не сака да биде човек кој сака да шефува или да изиграва дадилка, но ги упати апел до Британците да ослабат, за да се заштитат од вториот бран на коронавирусот.
„Дебелината е еден од реалните фактори на коморбидитетот. Губитокот на килограми, искрено, е еден од начините на кои можете да го намалите сопствениот ризик од коронавирус“, изјавил Џонсон.
Како дел од напорите за решавање на проблемот, владата најави дека ќе забрани рекламирање на брзата храна на телевизиите пред 21:00 часот.
На лично ниво, британскиот премиер изјавил дека низ годините сака повеќе да ослабе, додавајќи дека веќе некое време се борел со масните наслаги.
За Хари Џејмсон, британските медиуми наведуваат дека станува збор за тренер кој е често ангажиран од британскиот џет-сет. Дури и кралицата понекогаш му дозволува да вежба во градината во палатата. Еден час тренинг со Џемјсон чини 165 фунти, односно околу 185 евра.