Пејачката и актерка Аријана Гранде повторно е критикувана поради својот изглед, што ги загрижува нејзините лојални обожаватели сè повеќе. Таа се појави во спектакуларен фустан на премиерата на филмот „Wicked: For Good“ во Лондон, но нејзиниот божествен винтиџ фустан остана во сенка.
Најновите фотографии од познатата ѕвезда ги наведоа коментаторите да го опишат нејзиниот изглед како „длабоко вознемирувачки“ и ги натераа да се запрашаат дали е во добра здравствена состојба.
Аријана се појави во 73 години стар балски фустан со едно рамо, кој е ремек-дело на познатиот костимограф на „Волшебникот од Оз“, Гилберт Адријан, кој го дизајнирал во 1952 година.

Стајлингот на пејачката го направи Лу Роуч и ова требаше да биде едно од највпечатливите појавувања на Аријана Гранде – и беше, но не поради фустанот, туку поради нејзиниот физички изглед.
„Да имам ваков фустан во мојата лична колекција и да носам нешто што тој го дизајнираше на овој црвен тепих е толку емотивно и значајно“, рече Аријана, додавајќи дека плачела многу пати за време на пробата.

Иако е среќна, реакциите на интернет го кажуваат токму спротивното: „Кутра девојка. Овие слики ме вознемируваат“, „Секогаш изгледа како да се сетила дека ја оставила рерната вклучена“, „Изгледа како овој филм да ѝ го исцицал животот“…
фото: принтскрин






