Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане на лудиот камен откако фудбалерот ѝ предложи брак. Во едно големо интервју, славниот фудбалер се осврна на романтичната понуда што ѝ ја даде на својата избраничка и ги откри причините за долгото чекање на свадбата, како и датумот кога двајцата ќе го кажат своето судбоносно „да“.
„Ќе се венчаме по Светското првенство во 2026 година. И се надевам дека ќе дојдам на мојата свадба со шампионскиот трофеј“, му рече тој со насмевка на Пирс Морган.
Роналдо и Георгина се свршија во август оваа година, кога веста ја објавија сите светски медиуми, а сега тој објасни како се случило сè.
„Добрите работи се случуваат природно. Фудбалот, животот, можностите, бракот… Сето тоа доаѓа кога е вистинско“, рече тој, јасно ставајќи до знаење дека не планирал да ѝ предложи брак токму во тој момент, туку дека сè било навистина спонтано.
„Додека ѝ го давав прстенот на Георгина, нашите ќерки влегоа и ме прашаа: ‘Тато, дали ѝ го даваш прстенот на мама и ја молиш да се омажи за тебе?’ Тогаш навистина сфатив – да, тоа беше вистинскиот момент“, се присети тој.
Иако беше јасно дека Георгина е таа со која ќе го помине остатокот од животот, сите се прашуваа зошто му требаше толку долго да ѝ го стави прстенот.
„Секогаш велам дека добрите работи се случуваат во вистинско време. Понекогаш ви треба време да сфатите дека не треба да правите одредени грешки. Не сакав да брзам со нешто толку важно“, призна Роналдо.
„Ќе се оженам со неа затоа што верувам дека е вистинско време. Не само затоа што е мајка на моите деца, туку затоа што е личноста што ја сакам најмногу. Таа е љубовта на мојот живот“, искрен беше фудбалерот, кој сега одгледува пет деца со Георгина.
фото: принтскрин






