Глумецот Џејсон Момоа објави фотографија од болница каде направи магнетска резонанција и ги загрижи неговите пријатели и фанови. Неговата колешка Џил Вагнер го праша што не е во ред со него, додека тој лежеше на дијагностичкиот инструмент без маица.
„Мораш да искршиш неколку јајца за да направиш омлет, алоха. Им благодарам на моето семејство и пријатели“, само напиша Момоа под фотографијата.
Извор близок до него рече дека со глумецот сè е во ред и дека тој бил на вообичаен преглед кој го направил само заради претпазливост.
За потсетување, Момоа, кој е познат по улогите во „Аквамен“ и „Игра на престолот“, претходно откри дека имал операција на отстранување на кила. Тоа беше еден ден пред да се појави на црвениот тепих на годинашниот Оскар.
View this post on Instagram