Шведскиот глумец Долф Лундгрен (62) се вери со својата 38 години помладата девојка, фитнес-тренерот Ема Крокдал. Тој на социјалните мрежи објави фотографија со Ема (24) која го покажува свршеничкиот прстен.
Лундгрен е познат по улогите во акционите филмови, најчесто оние со Сталоне и Шварценегер. Тој се прослави кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век.
Инаку, шведскиот глумец досега бил женет двапати. Ова ќе му биде трет брак.