Повеќе од 3.000 обожаватели дојдоа да ја испратат ирската пејачка Шинејд О’Конор во градот Бреј, недалеку од Даблин, каде пејачката живееше некое време. На погребот беа пуштени нејзините, но и хитовите на Боб Марли. Толпата во еден глас ја пееше добро позната песна „Nothing compares to U“.
„Имаше глас кој трогна една генерација млади луѓе и кој можеше да ги расплаче слушателите. Носеше тон на надеж и барање за пат до дома“, рече на збогувањето имамот шејх доктор Умар Ал Кадри.
Пејачката која го прифати исламот како своја религија во 2018 година ѝ беше организиран муслимански погреб. Голем број од познатите личности дојдоа да се простат од неа. На погребот стигна Боно и други членови на бендот U2, како и ирскиот претседател Мајкл Д Хигинс, пишува „Дејли Меил“.
За потсетување, О’конор почина минатиот месец на 56-годишна возраст.
„Со голема тага ве известуваме за смртта на нашата сакана Шинејд. Нејзиното семејство и пријателите се уништени и бараат приватност во овој тежок момент“, изјавија од нејзиното семејство за RTE.