(Фото) Иванка Трамп на свадба носеше фустан од мајка си од 1991 година

Ќерката на американскиот претседател Донал Трамп, Иванка, викендов беше гостинка на свадбата на модната дизајнерка Миша Ноно во Рим. На свадбата таа беше облечена во фустан што мајка ѝ Ивана првпат го носела во 1991 година. Всушност, ова е вторпат 37-годишната Иванка да го носи истиот позајмен фустан на свадба. Првпат го облече во 2014 година за свадбата на дизајнерот Џозеф Алтузара.

Стилистите го пофалија нејзиниот избор и покрај тоа што фустанот е веќе виден. Покрај сликите што се појавија во светските медиуми, коментираа дека Иванка изгледа дури и подобро од мајка си и дека црвениот кармин и врзаната коса одлично се вклопуваат во нејзиниот стил.

На свадбата Иванка дојде со сопругот Џаред Кушер. Освен нив, гости беа и Меган Маркл и принцот Хари, Џејмс Корден, Ана Винтур и голем број светски дизајнери, музички ѕвезди и познати глумци. Темата на забавата била „Убав живот“, а невестата, наводно, ги замолила гостите да ја изберат својата најблескава комбинација за вечерата.

Scroll to Top