(Фото) Како изгледа денес Присила Присли

Присила Присли и на 72 години изгледа младолико. Таа не крие дека направила неколку естетски корекции на лицето за да делува помладо од она што е, но дека и сега не е задоволна од крајниот резултат.

Присила е единствената сопруга на Елвис Присли. Кралот на рокенролот се заљубил во неа кога имала 14 години, па чекале да наполни 21 за да се венчаат. Присила на 22 години ја родила ќерката Лиза Мари. Но, бракот со Елвис бил несреќен, па се развеле по само четири години.

Во младоста Присила работела како модел, глумела во серијата „Далас“ и во филмот „Гол пиштол“.

Scroll to Top