Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се породи денеска со своето трето дете. Само неколку часа подоцна таа и принцот Вилијам излегоа пред болницата и го покажаа својот син пред новинарите. Синот е тежок 3,5 килограми, но родителите засега не го откриваат името.
Кејт, облечена во црвен фустан, нашминкана и со совршена фризура, воопшто не потсетува на жена која штотуку се породила, напишаа британските медиуми.
Пред да излезат во јавноста со малиот принц, Вилијам ги одведе нивните две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, да го запознаат својот брат.