(ФОТО) Лента кокаин ги обедини Спајс Грлс?

По информациите дека легендарната британска поп сензација Spice Girls повторно ќе се обедини и ќе настапува заедно, членките на овој женски бенд на своите Instagram профили објавија заедничка фотографија.

Мел Би, Мел Си, Гери Хорнер, Ема Бантон и Викторија Бекам се собраа заедно во куќата на Гери Хорнер каде позираа заедно за оваа фотографија.

„Многу ве сакам сите“, напиша Викторија Бекам под објавената фотографија.

Истата фотографија ја објавија и Гери Хорнер и Ема Бантон, која напиша дека било супер што девојките повторно се собрале и дека иднината изгледа „spicy“ (зачинето).

Но, оваа фотограгија предизвика низа коментари кај следбениците на Инстаграм. Наводно, пишува британскиот  сајт unilad.co.uk , дека во позадина се гледа лента од кокаин, на телефонот на масата. Па  следбениците на социјалните мрежи, почнаа да пишуваат  дека „Спајс Грлс ги обединила лентата кокаин“ . Веднаш по ова, тие реагирале , дека тоане  било кокаин, туку рефлексија од светлото.

Spice Girls последен пат заедно настапуваа на отворањето на Олимписките игри во 2012 година во Лондон. Низ годините подоцна заедно ги рекламираа нивните производи под брендот Viva Forever, но не настапуваа заедно.

И претходно постоеја разговори за повторна соработка на бендот, но Викторија не сакаше да учествува во тоа. Не е познато зошто го промени мислењето. Како што објавија англиските медиуми, неделава девојките од Spice Girls се собрале за да ги договорат деталите околу нивната старо-нова соработка.

Scroll to Top