(Фото) Лорин е ќелава

Шведската пејачка Лорин, е скоро ќелава. 34-годишната пејачка драстично го смени имиџот откако ја избричи главата. Таа освен по впечатливиот глас беше позната и по нејзината бујна, долга коса. Фановите на Лорин веднаш ја прифатија промената и ѝ  напишаа бројни комплименти покрај сликите што ги објавува секојдневно.

Лорин стекна голема популарност откако победи на Евровизија 2012 година во Баку. Тогаш го отпеа хитот „Еуфорија“, кој за многумина е една од најубавите евровизиски песни последниве години.

 

 

Scroll to Top