(Фото) Марк Волберг се здебели 20 килограми за новата улога

Глумецот Марк Волберг целосно го промени изгледот и се зделебил 20 килограми за новата улога во филмот „Сту“. Тој глуми поранешен борач кој подоцна станува свештеник. За само три недели Волберг успеал да се здебели 20 килограми, а ја избричил и главата.

Волберг кој некогаш работел како Келвин Клајн модел и е познат по строгиот режим на исхрана и интезивните тренинзи, рече дека со нетрпение ја дочекал оваа улога за да може да јаде палачинки.

„Сакаа на здрав начин да ја добијам посакуваната дебелина, но, толку долго бев на строг режим, што едвај дочекав да јадам палачинки“, признал Волберг.

На сетот Волберг бил виден со зелена поло маица, а подоцна и во џемпер кој бил популарен во деведесетите години.

„Глумам тип кој бил борач и кој се преселил во Лос Анџелес, а потоа станува глумец, се заљубува во девојка, па доживува несреќа. Имал вонтелесно духовно искуство, па одлучил да стане свештеник“, изјавил Волберт во шоуто на Џими Кимел.

Волберг подоцна рече дека неговиот лик на крајот ќе умре од ретка болест, но, дека имал влијание на многу луѓе за краток временски период.

 

 

 

Scroll to Top