Американската водителка Опра Винфри им помогна на Меган и Хари да најдат вила во Лос Анџелес во која ќе се преселат по нивната кратка авантура во Канада и заминувањето од британското кралско семејство.
Британски „Сан“ пишува дека нивниот нов дом во Беверли Хилс ќе биде поранешната луксузна вила на глумецот и комичар Тајлер Пери, вредна 18 милиони долари.
Двојката никогаш не била видена во друштво на Пери, но британските медиуми пишуваат дека во изборот на новиот дом им помогнала Винфри. Луксузната куќа има осум спални соби, дванаесет бањи и се наоѓа во елитниот дел на градот, каде живеат исклучиво милионери и холивудски ѕвезди.
Откако се преселија во Калифорнија, Хари и Меган се криеја од јавноста. Последен пат биле уловени од папараците на „Дејли мејл“, додека доставувале пакети храна и помош на социјално загрозените и стари и неподвижни лица. Двојката на 6 мај го прослави првиот роденден на нивниот син Арчи.