(Фото) Принцот Хари едвај ги задржа солзите

Хари и Меган и официјално денес се венчаа во капелата Сент Џорџ во замокот во Виндзор. Покрај првиот бакнеж, фотографија за која сите зборуваат, британските медиуми забележаа дека Меган била многу поопуштена за време на церемонијата од принцот Хари. Пишуваат дека Хари едвај ги задржувал солзите. На венчавката, црквата, Меган носеше вел, кој содржи цвет од секоја од 53-те земји-членки на Комонвелтот.

Надбискупот од Кантербери Џастин Велби и официјално ги прогласи принцот Хари и Меган Маркл за маж и жена, откако тие ги разменија брачните завети пред 600 гости.

Меган до олтарот ја отпрати принцот Чарлс, таткото на Хари, по што проповед одржа американскиот бискуп Мајкл Кари, кој зборуваше за љубовта. Тој го почна и заврши говорот со цитати на Мартин Лутер Кинг, додека госпелски хор пееше песни карактеристични за афроамериканските цркви.

Scroll to Top