(ФОТО) Прва заедничка фотографија на поранешните жени на Бред Пит

Средбата на Анџелина Џоли и Џенифер Анистон на доделувањето на наградите „Златен глобус“ беше една од најочекуваните последниве години. Двете поранешни сопруги на Бред Пит не се сретнаа на црвениот килим зашто Џенифер не се појави, но се најдоа во истата сала – Џенифер доделуваше награда, а Анџелина седеше во првиот ред.

И додека Анистон ѝ се обраќаше на милионската публиката што го следаше преносот на телевизија, актерката од „Педесет нијанси сиво“, Дакота Џонсон, повеќе ја интересираше како ќе реагира Џоли отколку што зборува Џенифер. Анџелина не ни погледнала во правец на Џенифер, туку извади огледалце од чантата и почна да си ја поправа шминката. Сето ова го забележаа камерите, заедно со скришниот поглед на Дакота, од каде што и е направена и оваа слика.

Иако Анџелина и Џенифер не се сретнаа лице в лице, многумина фотографијата што се појави на „Твитер“ ја опишаа како првата заедничка фотка на поранешните госпоѓи Пит.

Scroll to Top