Кога ќе се спомене името на Шерон Стоун, и кај мажите и жените првата помисла е нејзината провокативна сцена од филмот „Ниски страсти“, но и фактот дека е една од најфаталните жени кои некогаш оделе по земјата.
Да, Шерон Стоун и поатаму на сите им го одзема здивот, а тоа го потврди и неодамна кога на својот Инстаграм профил ја објави фотката во бикини, и така покажа дека изгледа многу подобро од нејзините двојно помлади колешки.
Убавата актерка и денеска е вистински секс симбол и пример за фаталност, па затоа и не чуди што и оди од рака, да им пркоси на годините.
Таа не се срами, да својот сексипил го истакнува на секој чекор, и за тоа и тоа како е свесна, па не се срамеше ни за тоа, да малку ја разбранува фантазијата кај своите обожаватели на Инстаграм и малку да ги подгрее со фотки во бикини. Ано нас не прашувате, Шерон изгледа перфектно!
Инаку веќе долго време немавме прилика да ја видиме во некое филмско остварување, но и покрај тоа, нејзината популарност, не се намали. Активна е на социјалните мрежи, додека овиде денови глвна занимација и е објавувањето на ретро фотки на кои може да се примети дека нејзиниот изглед не се менува веќе со години наназад. Ех, да ги имаме нејзините гени…