Кание Вест со новата партнерка, Австралијката Бјанка Ценсори (28) е на одмор во Италија. Бјанка се прошета низ улиците на Фиренца боса и по градник.
Додека разговараше со нејзиниот тим, папараците го снимија Вест неколку улици подоле како јаде сладолед. Целиот беше во бело, а од топлото време на главата носеше крпа.
За потсетување, контроверзниот рапер минатата година раскина со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан. Бјанка работи за неговиот бренд Yeezy, а многумина за нивниот брак велат дека не е законски.